Начелото Не оставај никој зад себе (LNOB) е централно и трансформативно ветување на Агендата 2030 на ОН која се стреми никој да не остане изоставен во напорите за одржлив развој. Ова подразбира дека владите ќе треба да посветат посебно внимание на потребите на најзагрозените и маргинализирани групи, како и да развијат наменски интервенции за осврнување кон конкретните потреби и предизвици. Економиите од регионот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) се имаат обврзано да ги имплементираат Целите за одржлив развој (ЦОР) на Обединетите нации, додека пак локалните самоуправи ја имаат преземено обврската за остарување на Агендата 2030, почнувајќи од самото утврдување на целите и специфичните цели, па сè до средствата за нивно спроведување и користење на индикатори за мерење и следење на напредокот. Воедно со локализацијата на Агендата 2030 во фокусот на одржливиот развој се најдоа териториите и приоритетите на луѓето кои живеат таму, како и нивните потреби и ресурси. Повеќе од кога и да е претходно, постигнувањето на ЦОР зависи од способноста на локалните и регионалните самоуправи да поттикнуваат интегриран, инклузивен и одржлив територијален развој.
- Teacher: Kristijan Trajkovski
- Teacher: Благородна Шопова