Овој курс е за креаторите на политиката, градоначалници, и урбаните практичари во земјите во развој, кои работат на прашања за урбанистичко користење на земјиштето  и постојано се занимаваат со многу предизвици кои ја придружуваат брзата урбанизација. Целта е да им се помогне на учесниците да ја разберат динамиката на урбаното користење на земјиштето на функционален и интегриран начин. Овој курс исто така покажува како ефикасно да се користат законите и инструментите за планирање и управување со урбаниот развој и постигнување на одржливи, правични и ефикасни резултати.