Курсот е наменет за градоначалници, советници, раководители и клучни вработени лица во јавните претпријатија, за вработени во општинските одделенија/ сектори за комунални работи раководители во одделенија/ сектори за земјиште т.е. за сите оние кои секојдневно работат на управување со имот и кои постојано се соочуваат со бројни предизвици во тоа како да се справат со финансиските, технички и правни аспекти на управувањето со инфраструктурата во секторот водоснабдување. Целта на овој курс е подигнување на свеста кај целната публика во однос на смислата, поволностите и опсегот на управување со имотот во секторот водовод и канализација, што вклучува: унапредено разбирање за концептите, елементите и процесите во однос на систематско и проактивно управување со имотот; разбирање на важноста од донесувањето одлуки во управувањето со имот; разбирање на корелацијата помеѓу финансиските, институционални и технички аспекти во управувањето со имот; запознавање со иновативни алатки, техники и најдобри искуства во управувањето со имот и формирање на корисна платформа за ефективна размена на знаења и искуства помеѓу учесниците.